Косово бара гаранција, спогодба за амнестија на ОВК

од desk2
101 прегледи

Обвиненија за тешките злосторства на ткн. ОВК (Ослободителната војска на Косово) нема да бидат подигнати се додека преговорите меѓу Белград и Приштина не завршат, пишува денешен „Блиц“.

„Најмалку една година нема да има обвиненија, односно додека не завршат преговорите Белград Приштина во Брисел“, велу неименуван извор близок на приштинските власти.

Како што наведува весникот во текст под наслмов „Прво спогодба, па обвиненија за злосторствата на ОВК“, само десет дена откако беше назначен нов обвинител во Специјалниот суд за злосторствата на ткн. ОВК, Џек Смит потиша свечена изјава дека независно, неспристрасно и совесно ќе ја извршува својата функција, јасно е дека нема тоа да го направи брзо и ефикасно.

Весникот потсетува дека и самото формирање на Специјалниот суд за злосторствата на ОВК предизвика немири и наведува дека косовскиот претседател Хашим Тачи подолго време важи за угледен обвинет пред тој суд.

Но, “Blic” додава дека со оглед на тоа што тачи врши висока политичка функција, малку веројатно е дека тој или косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на Собранието Кадри Весели ќе бидат изведени птед лицето на правдата.

Според аналитичарите, можно сценарио е дека обвиненијата ќе имаат лошо влијание на партиите кои произлегоа од ОВК и второ сценарио дека дека поддржувачите на тие партии може да се мобилизираат за поддршка.