Косовските и албанските државјани ќе плаќаат исти цени за приватно лекување во јавното здравство како и македонските граѓани

од Nikola Popovski

Министерството за здравство донесе одлука за израмнување на цените на здравствените услуги во Република Северна Македонија, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија.

Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво во однос на здравствените услуги и да плаќаат исто колку македонските државјани.

-Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион, вели Меџити.

Од ресорот здравство велат дека станува збор за корекција на ценовникот за давање на здравствени услуги на странци до сите универзитетски клиники и институти до кој е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги за странците со оние за македонските граѓани.

-Ќе биде исто за приватно лекување во јавното здравство. Со оваа промена, на странските државјани им даваме право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што го промовираме јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава, конкурентна на пазарот на трудот, велат од МЗ.

Министерот Меџити рече дека тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција.

Слични содржини