Косовските пратеници започнуваат со лобирањет за визна либерализација

од desk4
78 прегледи

  Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели, придружуван од пратеници од владејачките и опозиционите партии, ќе отпатува денеска за Австрија, со што ќе ја почне европската турнеја за лобирање за визна либерализација за Косово, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Делегација ќе учествува и на австриско-косовскиот економски форум, кој го организира Стопанската комора на Австрија во соработка со Амбасадата на Косово во Виена, а на кој се очекува учество на стотици австриски, косовски и меѓународни бизниси, се наведува во соопштението.

Посетите на неколку европски престолнини од страна на косовската собраниска делегација се прават во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Косово во врска со визната либерализација.