Претседателот на Косово Хашим Тачи и косовската полиција соопштија дека е ослободен Марко Ѓуриќ, главен преговарач на Србија во разговорите со Косово, што се спроведуваат со посредство на ЕУ.
Ѓуриќ беше уапсен денеска во Косовска Митровица.
Косовскиот претседател Тачи рече дека полицијата го придружувала Ѓуриќ до граничен пункт меѓу Косово и Србија.
– Тој случај не треба да ја нарушува комуникацијата меѓу Косово и Србија, напорите за нормализација и помирувањето меѓу Косово и Србија, нагласи Тачи.
Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска изјави дека ЕУ остро ги осудува денешните случувања во Косово, по апсењето на директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ.
– Ги повикуваме властите на двете страни, Косово и Србија, да покажат неопходна воздржаност и сериозност за да не ескалира моментната ситуација на Косово, изјави Коцијанчич.
Таа додава дека сите прашања од заеднички интерес мора да се решаваат со дијалог со кој посредува ЕУ и чија конечна цел е нормализација на односите меѓу Србија и Косово.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ свика за вечерва седница на Советот за национална безбедност, јави Танјуг откако попладнево во Косовска Митровица беша приведен директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ.
Ѓуриќ беше приведен од салата во која се одржувал разговор во рамки на внатрешен дијалог за Косово.
Српски жители во Косовска Митровица се обидоа да спречат влегување во зградата каде бил Ѓуриќ, по што косовската полиција употреби шок бомби.
Во градот се огласија сирени за тревога.
( ВИДЕО) Судири во Косовска Митровица, Вучиќ итно го свика Советот за безбедност
Тој заедно со Никола Селаковиќ,генерален секретар во Кабинетот на претседателот, беа во северниот дел од Косовска Митровица од 17 часот за да учествуваат во разговор во рамки на внатрешен дијалог.
Претходно од Приштина беше соопштено дека им е забранет влез на територијата на Косово.
Во Косовска Митровица е исклучително тензично, јави Танјуг.
Приштинските медиуми јавуват дека граѓани се собираат на главниот мост на Ибар и дека во јужниот дел од Митровица е засилено присуство на косовската полиција