Коста Манев е нов играч на Вележ

од desk2
164 прегледи

Бекот на Вардар, Коста Манев денеска беше претставен како нов играч на познатиот фудбалски клуб од Босна и Херцеговина, Вележ од Мостар.

Од Вележ соопштија дека 26-годишниот македонски фудбалер ставил потпис на договорот со мостарскиот клуб, кој истекува на крајот на сезоната.

Манев професионалната кариера ја започна во Финска, каде што и пораснал, а освен во Вардар од каде што премина во Вележ, играл и за Викинг, Клуб 04, ПK-35, Хонку, Интер Турку и Кеми.

Инаку, Коста Манев освен позицијата на стопер може да ја покрие и позицијата на лев бек.