Костадинов: Антидржавното ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски доживеа дебакл, како меур од сапуница пукнаа нивните лаги

Во рамки на својата изјава од Собранието, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов посочи дека постојано се слушаат истите лаги од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и дека со вчерашното изгласување на доверба на Владата, паднаа по вода сите негови тврдења за евентуално ново мнозинство во Парламентот.

„Пред целата јавност, овде во законодавниот дом, во храмот на демократијата се распадна една голема, долго повторувана лага на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски.

Ја расчистивме маглата, се потврди реалноста, победи вистината.

Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период.

Северна Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција.

Ете толку беа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски дека имале мнозинство во Собранието, дека владата само што не паднала.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера избегаа од салата. Ова е изгласана доверба на Владата без ниту еден глас против.

Антинародното антидржавно ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски доживеа дебакл, како меур од сапуница пукнаа нивните лаги со кои со месеци ја замајуваа јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.

Мицкоски проблемите и фрустрациите нека си ги решава внатре во белата палата, а не на грбот на граѓаните, не преку блокади на Собранието.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да покажат доблест после овој пораз и да почнат да работат во интерес на граѓаните.

Се уште имаат шанса да научат важна лекција а тоа е дека со опструкции, со блокади, со кочења не се доаѓа на власт. Освен штета за граѓаните со опструкции не се постигнува ништо.

Имаат шанса пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме да носиме законски решенија важни за нашата иднина и нашата држава“, истакна Костадинов во своето излагање.

Слични содржини