Костадинов ги пречека Заев и Ципрас: „Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари“

од Vladimir Zorba

Вечерва градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов во неговиот кабинет да ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев.

„Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Северна Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави.

Во кабинетот, во кој цели три мандати помина поранешниот премиер Зоран Заев, со Ципрас и Заев градоначалникот разговараше за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот.

„Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата“, порача градоначалникот Костадинов.

Слични содржини