Костадинов: Имаме чиста формулација на македонскиот јазик, потребна е конструктивност и внимателност од сите

од Nikola Popovski

Со предлогот од француското претседателсто конечно добиваме чиста формулација на нашиот македонски јазик, кое едно од нашите клучни идентитетски прашања, порача вечерва потпретседателот на СДСМ во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

– Конечно имаме чиста формулација на македонскиот јазик без фусноти без задршки, што беше и едно од клучните наши барања, порача Костадинов додавајќи дека со внесувањето на припадниците на бугарскиот народ во Уставот, конечно ставаме крај на митот „за еден народ, две држави“.

Костадинов повика на мудрост, конструктивност од сите општествени политички чинители кои треба да се воздржат од пласирање на дезинформации.

– Правото на протест е гарантирано за сите граѓани и секој може да го искаже своето мислење на различен начин. Сега сме во клучен процес за нашата иднина и сите заедно мора да покажеме мудрост и конструктивност, да ја заборавиме веќе поделбата на патриоти и предавници, да размислуваме и делуваме со ладни глави особено ние политичарите. Членството во ЕУ е стратешка цел за сите нас и затоа во овој процес мора бидеме максмално внимателни и конструктивни, заклучи Костадинов.

Слични содржини