Костадинов: Мицкоски го предлага Владимир Панчевски за шеф на новото обвинителство за кого се води истражна постапка

од desk4

Христијан Мицкоски за шеф на новото јавно обвинителство го предложи Владимир Панчевски кој е суспендиран и против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот,  рече Костадин Костадинов, член на ИО на СДСМ и портпарол на партијата во емисијата Патот кон на Аласат Телевизија.

 

Костадинов истакна дека е мошне значајно што предметите од СЈО се обезбедени и по нив ќе постапува надлежна институција.

– Правда и одговорност за сите, значи тоа. Јасно порачавме дека правна држава и правда мора да има и  секој кој се огрешил пред законот  мора да одговара, истакна Костадинов.

Сето тоа, додаде, направи паника во ВМРО –ДПМНЕ кои прават последен обид да ги спасат криминалите и криминалците, а кои што за владејачката партија значат црвени линии кои нема шанси да се поминат.

– Сепак, оставаме простор согласно демократските принципи на РСМ , ВМРО-ДПМНЕ да се огради од криминалите и криминалците и заеднички да го донесеме законот за ЈО, посочи Костадинов.

Дека ВМРО-ДПМНЕ сака предвремени избори, истакна,  е само фарса, затоа што ако беше поинаку ќе беше споменато и на лидерската која се одржа, а такво прашање воопшто немаше.

Според Костадинов, ако на некого му одговара да се случат избори тоа е СДСМ, затоа што, како што вели, анкетите на јавното мислење покажале дека рејтингот на владејачката партија е поголем

Слични содржини