Костовски: 35.000 граѓани се вакцинираа, институциите се посветени на заштита на јавното здравје

од Vladimir Zorba

„Во нашата држава во тек е масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани 35.000 граѓани, а пријавени за вакцинација се скоро 160.000 граѓани. Исто така и преку матичните лекари се врши консултација со пацентите со цел да им се додели термин за вакцинирање“, соопшти Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Истовремено кога институциите посветено и пожртвувано се фокусирани на заштитата од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ заробени во нивната деструктивна матрица постојано шири паника, манипулира и ја лаже јавноста со бројни шпекулации, посочи Костовски.

Слични содржини