Градоначалникот на Скопје без никакво образложение вчера го разрешил командантот на Противпожарната бригада на Скопје, Благоја Менковски. На неговото место веднаш го именувал пожарникарот Ѕвонко Томески, досегашен командир на смена во бригадата.

Менковски, кој 16 години е командант на бригадата е затекнат од ваквата одлука на градоначалникот Коце Трајановски.
„Смената дојде без најава и без образложение. За причините сега не би можел да зборувам, градоначалникот треба да објасни, а верувам дека по извесно време се ќе стане јасно. Можам да кажам само дека во мојата биографија нема петно, немам никаква пријава, а командант сум на бригадата од 2000 година. Нема задача што не сум ја исполнил. Посебно сега, на поплавите, секојдневно бев на терен“, изјави Менковски за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски не е достапен за објаснување смената.„Злобници“ на мрежите шпекулираат дека шефот не трпи конкуренција и дека можеби двајцата се мераклии за изјави, па се истепале кој прв да каже , и Менко си го добил.