Ковачевски: Бебешката храна не е со зголемен ДДВ – и 10% е повластена стапка

од Nikola Popovski

Бебешката храна не е ставена на исто ниво со ДДВ со перките од ајкула. Таа е на 5%. Дополнително на 5% од повисоки стапки на ДДВ беа намалени и хигиенските производи кои ги користат жените, како и вештачките ѓубрива. Листата на 5% повластена даночна стапка од 1600 производи е најголема во целиот регион, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски за листата на производи со покачен ДДВ.

Премиерот не се сложува дека државата ги зголемила даноците, туку ги намалила.

-И 10% е повластена стапка на ДДВ бидејќи основната стапка е 18%. Најниска е регионот. Сите овие реформи во даночниот систем беа хармонизирани и со стопанските комори, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Околу високите цени, премиерот порача дека има разлика во откупните и малопродажните цени и затоа биле донесени мерките со гарантирана цена. Според него, производите кои државата ги субвенционира, добар дел завршуваат на странските пазари бидејќи таму имаат и повисока цена.

-Тоа покажува дека кај нас храната е поевтина од странство. За таа цел, за да има баланс, се направи оваа мерка со која нашето производство да биде конкурентно на она што се увезува. Одредени царински стапки се уште од времето на Југославија, истакна претседателот на Владата.

Слични содржини