Законот за амнестија за помали кривични дела, утре на владина седница, најави премиерот Димитар Ковачевски. Посочи дека заедно со измените на кривичниот законик е и усогласувањето со европското законодавство и дека нема да има помилување на поранешни или актуелни функционери.
Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во кривичниот закон се утврдува висината на казните како во Германија и Словенија и дека тоа не се прави според општи одредби.
Прашан зошто на Кривичниот законик не е потпишан министерот за правда, Лога, туку заменик министерот за правда, Ковачевски со одговор дека согласно Законот за Влада може да биде потпишан или од министер или заменик министер, а во зависно од тоа кој бил вклучен во процесот.
-Јас не можам да зборам во име на други, но таа одлука е донесена едногласно на Влада и е помината во Собрание и е усогласено со законодавтсво на Европска Унија. Еве земете го германското законодавство, јас многу добро го знам германското законодавство и ќе видете какви членови има и ќе видете дали има такви членови кои кај нас ги има. Потоа земете ја висината на казните во Словенија, бидејќи ние за некои работи сакаме да се повикуваме на Германија, сакаме да се повикуваме на Словенија, ама некогаш сакаме да не се повикуваме ниту на Германија, ниту на Словенија, туку ако може да се повикаме на Азербеjџан и Казахстан. Тоа некако ми изгледа со двојни аршини, вели Ковачевски.