Ковачевски има комуникација со Заев: СДСМ е консолидирана партија по поразот во 2021

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш повтори дека има добра комуникација со неговиот претходник и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

-Мојот однос со сите претходни претседатели на СДСМ е на ниво на комуникација со луѓе кои што се вградиле во развојот на партијата и државата. Искуството што го имаат доколку е потребно, знам да се консултирам со нив. Најголем дел од претседателите присуствуваа и на трибините што ги имавме како политичка партија во октомври, ноември и декември. Сите на различни трибини, така што со тоа ја искажаа својата поддршка, рече Ковачевски.

На прашањето за наводен пуч во владеачката партија организиран токму од Заев, актуелниот премиер се поистоветува на демантот на неговиот претходник.

-Самиот поранешен претседател на СДСМ и на владата ги демантираше тие наводи, така што јас не би сакал да коментирам бидејќи никогаш не коментирам други политичари. Она што можам да истакнам е дека СДСМ после поразот на изборите во 2021 година е консолидирана партија, која што ги гради своите политики на официјални состаноци на Централниот и Извршниот одбор, додаде Ковачевски.

 

Слични содржини