Ковачевски: Мојата плата е намалена за 30% како дел од кратењата во ЕСМ

од Nikola Popovski

Имавме непродуктивни трошоци во компанијата и затоа преминавме и на други кратења. Непродуктивните трошоци се планираат во текот а годините на набавката на моторни возила. Немаме набавка во изминатите три години, нема мебел, инвентар, опрема итн. Намалени се сите посети и патувања во странство и земјава. Намалени се дел од платите на менаџметот. Треба да тргнете од себе ако сакате да испратите порака. Нашите плати, на мене, мојот заменик и менаџметот на компанијата, ги намаливме за 30%. Генералниот директор на АД ЕСМ е на 14-то место по примање на нето плата во компанијата. На прво место е вработен во РЕК Битола. Мора да дадеме личен пример, вели директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој додава во делот на јавните набавки што не се потребни, за 15% ги намалиле и тие трошоци.

-Тоа е намалување во износ од околу 28 милиони евра, само во овие 3 до 4 месеци. Кога сите намалување ќе се соберат, доаѓаме до намалување на трошоците на околу 50 милиони евра на компанијата. Со ваквите антикризни мерки, стигнавме до заштеда на трошоците на расходната страна, информира Ковачевски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини