Ковачевски: На изборите во 2024 ќе победи СДСМ кој ќе ја предводи новата европска Влада

од Stefanija Kuzmanovska

Изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година и на нив ќе победи СДСМ кој потоа ќе ја предводи идната европска Влада, оцени претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за неделникот „Фокус”.

„Иако пред неколку месеци имаше анкети дека ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ, на предвремените локални избори во Маврово Ростуше и Центар Жупа победи СДСМ. И да се навратам на вашето претходно прашање за изборите во 2024 и за тоа дека СДСМ ќе биде победничка партија – ако го земете предвид резултатот во изминатите 10 месеци, резултатите кои ве уверувам дека ќе ги постигнеме наредната година, на изборите во 2024 година, СДСМ ќе ја предводи идната европска влада на Северна Македонија“, порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека во последните десетина месеци граѓаните постојано ја гледаат разликата помеѓу одговорниот пристап и успешното менаџирање со кризата од страна на Владата на СДСМ и хаосот и катастрофата што ВМРО-ДПМНЕ ги предизвикува во Град Скопје и во голем дел од општините со кои раководи.

Слични содржини