Ковачевски: Не увезуваме струја, испорачуваме исклучиво од домашни капацитети

од Nikola Popovski

Во целост испорачуваме кон ЕВН хоум количини на електрична енергија, колку што е потребно исклучиво од сопствено производство, засилено со производство на ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, вели директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според него, сега немаме купување на електрична енергија или увоз.

-Покрај ЕВН хоум имаме обврска за покривање на загубите на електрична енергија во системот кој што ги продуцира МЕПСО. Исто така со одлука на Владата и задолжение давање поддршка и учествуваме во покривање на загубите на ЕВН електродистрибуција за малите потрошувачи и домаќинствата. Со овој потег АД ЕСМ станува стабилизатор, односно гарант дека имаме сигурно снадбување на струја, но и со нашето зголемено производство, да ја гарантираме стабилноста на цената на потрошувачите, додаде Ковачевски.

Слични содржини