Ковачевски: Покажавме применлив пример за решавање кризи, со политичка волја се разбраа Заев и Ципрас, но и јас и Петков

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Република Северна Македонија веќе трета година е домаќин на овој значаен Форум, што го афиримира дијалогот како средство за доаѓање до одржливи решенија, рече во обраќањето премиерот Димитар Ковачевски на сесијата „Договорот од Преспа за пет години: предизвиците претворени во можности“, во рамки на „Преспа форум дијалог“.

-И ова е големо, реално и значајно признание за огромниот придонес на Република Северна Македонија во регионалниот и европскиот мир, стабилност, безбедност и перспективи, што ќе ги паметат и дипломатијата и поновата европска историја. Нашата држава на мирољубиви граѓани отсекогаш била пример за соживот, уште пред формирањето на Европа. Ние исто така секогаш сме биле на вистинската страна на историјата, докажувајќи дека само со храбро, искрено и одговорно лидерство предизвиците се претвораат во можности, кажа Ковачевски.

Според премиерот со Договорот од Преспа, но и со сите следни чекори до денес, обновена е довербата во дипломатијата, промовирајќи го отворениот дијалог како придобивка.

-Со тоа, покажавме применлив и функционален пример за решавање кризи, што има посебно значење во денешниот геополитички контекст на случувања, за решавање слични предизвици пред коишто се исправени и регионот и Европа денес. Но, кој и да посака, кога било, да брани свои агресивни постапки или политики, ќе биде соочен со фактот дека одржливи решенија се постигнуваат на дијалошка маса, меѓу лидери кои имаат политичка волја да се разберат, во името на доброто на својот народ и својата држава. Премиерите Заев и Ципрас пред 5 години успеаја да се разберат, затоа што имаше таква поличка волја од двете страни. Јас и премирот Петков, ланскиот јули, успеавме да се разбереме, затоа што имаше политичка волја од двете страни, истакна премиерот.

Слични содржини