Ковачевски со Заев на средба со Гаши

од Берта Китинска
248 прегледи

Започна средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Тема на разговор на ќе биде можниот влез на Алтернатива во владината коалиција.

Од Алтернатива во изјава за „Локално“ кажаа дека вакви средби претседателот Гаши имал и претходно и ќе има и во иднин.

-Средба ќе има, но вакви средби претседателот Гаши имал и претходно и ќе има и во иднина.За тоа што ќе биде разговорано, тоа ќе биде објавено после средбата, изјавија од Алтернатива.

Заев  вчера на средбата со австрискиот шеф на дипломатијата во контекст на евроинтеграциите изјавил дека  мнозинството ќе се зголеми.

„Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори – напротив до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата“, рекол Заев на средба со австрискиот шеф на дипломатијата во контекст на евроинтеграциите.

Заев на средбата е придружуван со заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски.Во медиумите изминатиов приод се шпекулираше дека Ковачевски  може да биде идниот мандатар.

Тој е роден 1974 година во Куманово, по професија е доктор на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, предавач на додипломските, последипломските и докторските студии и автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции.

Слични содржини