Ковачевски во Естонија – ќе се обрати на Талинскиот дигитален самит и ќе оствари средба со Калас

од Vladimir Zorba

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ќе учествува на Талинскиот дигитален самит 2023 во Естонија.

Ковачевски ќе се обрати на отворањето на Самитот, каде ќе учествуваат лидери на држави, претставници на ЕУ, телекомуникациски и tech компании и граѓански организации.

Клучните теми на кои ќе се разговара на Талинскиот дигитален самит 2023 се предизвиците и можностите во дигиталната ера, како и освежување на агендата на демократијата и технологијата, исцртувајќи го патот кон посилна отпорна, респонзивна и отворена иднина. Целта на Самитот е суштински придонес кон глобалниот дискурс околу градењето на отпорни модерни демократии.

Во рамки на учеството на Самитот, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерална средба со премиерката на Естонија, Каја Калас.

Слични содржини