Ковид 19: Над 200 заразени во Чаир, Аеродром и Гази Баба со ист број позитивни случаи

од Берта Китинска
168 прегледи

Министерството за здравство денеска информираше дека се потврдени нови 175 случаи на коронавирус во Македонија.

Согласно објавените податоци, најголем дел од случаите се од Скопје 131. Следуваат Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.

Во изминатото деноноќие регистрирани се и пет смртни случаи и 18 оздравени пациенти.Најголем број од новозаразените 14, повторно се од Чаир.

Во Чаир е најголема и вкупната бројка на заразени 209, по што следат Бутел со 76,  Аеродром и Гази Баба со по 75,  Центар со 73, Карпош со 72, Сарај 64, Кисела Вода 43, Ѓорче Петров 35, Шуто Оризари 26 и Студеничани и Арачиново со по 24 заразени. Илинден има вкупно 19 заразени со КОВИД-19, Петровец шест, Чучер Сандево четири, Сопиште два, а двајца од заразените се странци.