Ковид 19 во РСМ: Вирусот активен во четири града

од Берта Китинска

Во среда започнува вакцинацијата  против ковид 19 на здравствените работници.

Први со вакцините на Фајзер кои пристигнаа од Србија ќе бидат имунизирани медицински сестри и лекари. Вакцинацијата ќе се врши во модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.

Досега вкупно 46.023 граѓани се пријавија преку онлајн апликацијата за вакцинација пртив Ковид 19, а преку матичните лекари се пријавени 13.511 лица.

Во моментов  според податоците на министерството за здравство најголем број на активни носители на вирусот има во овие градови:

Скопје 42418, активни 2785

Кавадарци 2953, активни 419

Охрид 3040, активни 360

Прилеп 4842, активни 306

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.

Слични содржини