Најмалку четири милиони и 715.909 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека повеќе од 230 милиони и 024.390 луѓе беа заразени, стои во најновиот биланс, што денес го објави „Франс прес“.
Бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман.
Соединетите држави беа најтешко погодени со 681.185 смртни случаи и 42.543.365 заразени.
Потоа следуваат Бразил со 592.316 смртни случаи и 21.283.567 случаи на инфекција, Индија со 446.050 смртни случаи (33.563.421 заразени), Мексико со 273.391 смртни случаи (3.597.168 заразени) и Русија со 201.445 смртни случаи (7.354.995 заразени).
Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најмногу смртни случаи во однос на бројот на населението, 604 на 100.000 жители. Потоа следуваат БиХ (316), Северна Македонија (313), Унгарија (312), Црна Гора (298) и Бугарија (291).
Латинска Америка и Карибите имаат 1,478,016 смртни случаи (44,571,529 заразени), Европа 1,295,187 смртни случаи (66,590,721 заразени), Азија 829,338 смртни случаи (53,202,700 заразени), САД и Канада 708,686 смртни случаи (44,130,365 заразени), Африка 207,179 смртни случаи (8,198,198) Блискиот Исток 195.505 смртни случаи (13.167.368 заразени) и Океанија 2.004 смртни случаи (163.511 заразени).
„Франс прес“ прави дневен биланс врз основа на државните податоци од земјите во светот и информациите од Светската здравствена организација.