Ковид пресек по градови: Вирусот активно се шири низ земјава

од Берта Китинска

Бројот на активни случаи, се  зголемува во земјава. По Скопје, Прилеп е град со најголем број активни носители на вирусот.Вчера беа регистрирани 30 починати и 1160 нови случаи на ковид 19 во земјава.

Скопје 25706, активни 10039
Куманово 3599, активни 940
Прилеп 2844, активни 1040
Тетово 3701, активни 977
Битола 1897, активни 839
Гостивар 2319, активни 856
Охрид 1506, активни 605

Ситуацијата со Ковид 19 e  крајно загрижувачка во Прилеп и има застрашувачка тенденција на ширење на заразата.

Од почетокот на пандемијата, заклучно со вчерашниот ден вкупниот број на заболени изнесува 2.766 лица, а бројот на активни случаи е 1.021. 856 пациенти се лекуваат во домашни услови, 117 во болнички, а 48 примаат терапија во дневната болница.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во 10:00 часот ќе одржи прес-конференција.

Тема на прес-конференцијата ќе биде актуелната состојба со Ковид-19 во земјава, по која ќе следува и прес-конференција на МВР Спасовски за презентација на Граѓански буџет за 2021 година.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914.

Слични содржини