Ковид-ценрти: Од вирусот се лекуваат 109 пазиенти низ државата

од Берта Китинска
340 прегледи

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има хоспитализирани 2 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Двајцата биле примени во ГОБ 8 Септември, каде во моментов има 15 болни.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во болниците низ целата држава е 109, а од нив 43 се хоспитализирани во Скопје.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 14 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Слични содржини