320
Денеска според податоците на министерството за здравство направени се 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19. Од нив 151 се од Скопје, додека пак оздравени се 358 лица.
Според досега завршените епидемиолошки анализи откако е почната епидемијата регистрирани се 40.324, а во моментов активни се 4.449 во главниот град.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354.