Ковидот спласнува, по подолго време – деноноќие без починати

од Берта Китинска
244 прегледи

По долг период , минатото деноноќие според статистиката на МЗ немаше евидентиран ниту еден смртен случај од ковид-19.

Од вкупниот вчерашен број на позитивни (236), регистрирани беа 38 реинфекции.

Иако вирусот полека стивнува, надлежните сметаат дека маските треба да продолжат да се носат.

Др.Злате Мехмедовиќ во изјава за „Локално“ вели дека во моментов има само една т.н варијаната на загриженост-Омикрон.

– Не постојат варијанти на интерес, односно варијанти кои се потенцијални варијанти на загриженост. Варијанти кои се мониторираат се три и ниту една од нив не покажува потенцијал да биде закана налик на онаа каква што беше и сеуште е Омикрон. Заклучокот е дека во моментов нема мутации кои би требало да не загрижуваат, и да се надеваме дека така и ќе остане. Потребно е да се интензивира вакцинацијата на целокупната популација и да се стимулираат граѓаните кои се постари од 65 години, како и оние кои имаат помалку од 65 години но, имаат коморбидитети да се вакцинираат со трета бустер доза. Тоа е оптималниот пристап во моментов кога е во прашање вакцината, пристап кој е во насока на заштита на здравјето и животот на граѓаните, додава докторот.

Досега во земјата се направени вкупно 1.972.271 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.550.

Слични содржини