Крадецот што ја ограби Ким Кардашијан и прати писмо од затвор

од desk2

Една година откако крадци ја ограбија Ким Кардашијан во хотелската соба во Париз, еден од нив Аомар Аит Кедаче наводно и пратил писмо од затвор.

Како што пренесуваат странските медиуми, еден од уапсените за грабежот и пратил писмо на француски јазик, а и го превеле адвокатите.

„Откако ги набљудував вашите емоции и сфаќањата за психолошките оштетувања кои ви ги нанесов, одлучив да ви пишам. Сакам да ви се обратам како човек и да ви кажам дека жалам за мојот гест и дека ме допре кога ве видов во солзи. Знајте дека во потполност сочувствувам со вас. Ја чувствувам болката која ја изразивте пред вашите деца, вашиот сопруг и вашите блиски. Се надевам дека ова писмо ќе ви помогне малку да заборавите на траумата која ја преживеавте поради мене“, наводно стои во писмото.

Ким во повеќе епизоди од своето ријалити шоу откри дека оваа случка во потполност и го сменила животот. Во текот на грабежот таа поминала низ терор и мислела дека ќе ја силуваат и убијат, а потоа се повлече од јавноста на неколку месеци.

Слични содржини