Крај на ДРАМАТА: Исчезнатите вакцини се пронајдени во фабрика во Италија наменети за ЕУ и сиромашните земји

Астра Зенека денес објави дека околу 29 милиони дози вакцини ковид-19 пронајдени за време на инспекцијата во фабриката во Италија се наменети за Европската унија и за донации за посиромашните земји во рамките на шемата КОВАКС, предводена од Светската здравствена организација.

На барање на Европската комисија, италијанските безбедносни сили извршија увид во фабриката Каталент во Ананија, недалеку од Рим, каде пронајдоа залиха на вакцини, објави весникот „Стампа“, пренесува Ројтерс.

Италијански официјален претставник подоцна го потврди извештајот од инспекцијата и рече дека вакцините ќе бидат испратени во Белгија.

Претходно „Стампа“ ја обвини Астра Зенека дека крие 30 милиони дози вакцина за коронавирус во фабрика во Италија, и дека тие дози ги наменети за Велика Британија.

Астра Зенека исто така има договор со ЕУ и Велика Британија, така што оваа пратка стана вистинско јаболко на раздор меѓу ЕУ и Велика Британија.

Тоа е двојно поголема од сумата што целата ЕУ ја доби од Астра Зенека досега, додека за Британците тоа значи гаранција дека скоро 15 милиони граѓани ќе добијат втора доза.

„Ирски тајмс“ во својот текст за овој случај потврди дека станува збор за дозите на вакцината произведена во холандската фабрика, која заврши во Италија.

Дали ЕУ навистина ќе ја земе оваа сума за себе и за програмата Ковач останува да видиме.

Слични содржини