Крај на една ера: Ангела Меркел повеќе нема овластувања како германска канцеларка

од Nikola Popovski

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцеларка на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер и се заблагодари за нејзината работа.

„Оваа канцеларија беше една од најважните во историјата на републиката“, рече Штајнмаер во Бундестагот, врачувајќи и документ за престанок на нејзините надлежности.

Денеска се одржа првата организациска седница на новиот германски парламент.

Меркел и другите членови на германската влада сега ќе работат како вршители на должност додека Германија не добие нова влада.

Слични содржини