КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Се отстранува споменик на пријателството меѓу Русија и Украина

од Nikola Popovski

Денеска украинскиот портал „Strana.ua“ објави дека во Киев започнало отстранувањето на споменикот во чест на пријателството меѓу рускиот и украинскиот народ.

Според градоначалникот на главниот украински град, Виталиј Кличко, планирано е до вечер да се заврши демонтирањето на скулптурите на двајца советски работници, пренесува РИА Новости.

– Ќе го преименуваме. Старите симболи добиваат ново значење и ќе го одбележиме со боите на украинското знаме, напиша Кличко на својот Телеграм канал.

Тој изјави и дека потпишал предлог-одлука за која Градскиот совет на Киев ќе ја разгледа на следниот состанок.

Процесот на декомунизација во Украина беше легализиран со цел пакет закони кои стапија на сила на 21 мај 2015 година.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека украинските власти со години спроведуваат политика на агресивна дерусификација и насилна асимилација.

Слични содржини