Кралицата Елизабета II отвори Инстаграм, ќе стане ли инфлуенсерка?

од desk2
158 прегледи
Социјалните мрежи се побогати за уште една инфлуенсерка, а овојпат станува збор за Кралицата Елизабета II која ја објави првата кралска фотографија на официјалниот Инстаграм профил на кралското семејство.
„Денеска го посетив Музејот на наука и ме заинтригира откритието на писмо од кралската архива напишано во 1843 година пратено до мојот прадедо Принцот Алберт“, напиша кралицата додавајќи дека и се чинело дека е пригодно тоа да го објави на Инстаграм.
Од музејот велат дека им е мило дека кралицата првата фотографија ја објавила кај нив.