Кралицата Елизабета: Не одам во пензија ниту на 95 години

Неодамна се проширија гласини дека кралицата Елизабета Втора оди во пензија и дека тронот ќе го преземе нејзиниот син, принцот Чарлс. Многумина сметаат дека кралицата поминала доволен број години на престолот и дека деновите на нејзината длабока старост треба со леснотија да ги живее, а не на кралските должности.

Британските медиуми пишуваа дека кралицата ќе замине во пензија кога ќе наполни 95 години, но палатата, како и обично, не возврати на озборувањата, сега се демантирала.

– Не постојат планови за промена на договорот кога кралицата би имала 95 години, или било кога- рекле од кралското семејство, пишува USA Today.

Бакингемската палата објаснила дека кралицата има многу овластувања и привилегии, но службеното пензинирање за неа не е возможно без попратни политички компликации, така да таа останува на престолот.

Портпаролот на Клеренс Хаус, службената резиденција на принцот Чарлс, рекол дека не постојат планови да се смени кралската хиреархија.

Слични содржини