Кралицата ќе го поддржи Хари? Елизабета е тажна поради интервјуто, но не е лута

од Vladimir Zorba

Кралицата Елизабета Втора е тажна, но не е лута поради интервјуто што принцот Хари и Меган Маркл и го дадоа за Опра Винфри, тврдат извори.

Хари и Меган јавно обвинија неименуван член на кралското семејство за расизам, велејќи дека се распрашувал за бојата на кожата на Арчи додека Меган била бремена. Со денови се шпекулираше што ќе каже кралицата, а беа потребни повеќе од 48 часа за да пристигне изјава од Бакингемската палата во која се вели дека обвинувањата биле сфатени многу сериозно и дека кралското семејство ќе се позанимава со ова прашање во четири sида.

Сега извори тврдат дека кралицата не била лута на нејзиниот внук и снаа. Уште повеќе, таа наводно се заколнала дека ќе го поддржува Хари.

– Кралицата не е лута, таа е само тажна. Сите беа секогаш загрижени за Хари, а кралицата секогаш беше заштитнички настроена кон него“, изјави неименуван извор за „Сан“, пренесе „Дејли Меил“.

Се посочува дека Хари ја имал целата поддршка кога Меган влегла во неговиот живот.

– Тие помалку се грижеа за него откако започна врска со неа, бидејќи тој се чинеше многу среќен – вели изворот.

Да потсетиме, принцот Вилијам пред неколку дена јавно зборуваше за интервјуто на неговиот брат и снаа, кратко велејќи дека „кралското семејство не е расистичко“.

Кралицата наводно наредила истрага кој од членовите на семејството дал расистички изјави за нејзиниот внук.

Бакингемската палата не сакаше да ги коментира овие обвинувања.

Слични содржини