Кралицата откри страшен детаљ за круната: Ако мрднете може да го скршите вратот

од desk2
101 прегледи

Британската кралица Елизабета II ги предупреди оние кои би можеле да ја носат круната на глава да не го спуштаат погледот затоа што може да го скршат вратот.

Кралицата во ретко интервју за BBC по повод документарниот филм за нејзиното крунисување во 1953 година рече дека британската империјална круна е незгодна.

Тепка е 1,3 килограми и изработена е за нејзиниот татко Џорџ VI, а кралицата ја носела на своето крунисување и ја носи на отворањето на годишното заседание на парламентот.

„За среќа, јас и татко ми имаме глави со ист облик. Но, кога еднаш ќе ја наместите, таа стои. Само не можете да гледате надолу и да го читате говорот. Морате листот да го држите во висина на очите“, објаснува таа.

„Ако погледнете надолу, ќе го скршите вратот и круната ќе падне, вели таа смешкајќи се. Значи, круната има недостатоци, но инаку е многу значајна“.

Во британската круна има 3.000 дијаманти, сафири, смарагди и бисери. Кралицата особено го сака бесценетиот камен на црниот принц кој наводно го носел Хенрик V во битката кај Агинкурт 1415 година.

Таа вели и дека златната церемонијална кочија со која се возела на крунисувањето била страшна.

„Не е воопшто наменета за патување. Тоа се само прачки на кожа“.