Кралицата се одмаздува: Што ѝ одзеде на Меган Маркл?

419 прегледи

По одземањето на титулата и барањето а ги вратат трошоците за поправка на куќата на принцот Хари и Меган Маркл, кои се платени со јавни пари, британската кралица Елизабета продолжила да им ги скратува задоволствата и луксузите кои младиот брачен пар ги уживаше додека не се откажа од кралскиот статус.

Имено, сега на поранешната војвотка од Сасекс ѝ е скратен накитот од кралската колекција, кој Меган го обожувала. Одземен и е дури и познатиот прстен со син камен кој го добила како подарок откако се омажила за принцот Хари.

View this post on Instagram

Меган Маркл без бурма!

A post shared by DIVA (@starzzzmk) on

Кралицата првобитно сакала да ѝ го одземе и накитот кој Меган го носела и на денот на венчавката, а кој бил специјално направен за неа со помош на парчињата од колекцијата накит на покојната принцеза Дијана, но на крајот се предомислила и ѝ дозволила да ги задржи.

Слични содржини