Кралот Чарлс оддаде почит на жртвите од бомбардирањето на сојузниците во Хамбург

од Vladimir Zorba

Британскиот крал Чарлс Трети денеска положи венец на споменикот на жртвите од бомбардирањето на сојузниците во Втората светска војна, при посетата на црквата Свети Никола во Хамбург на северот на Германија, која беше тешко оштетена во овие воздушни напади.

Кралот Чарлс го посети Хамбург на крајот од тридневната турнеја низ Германија, што е негово прво патување надвор од земјата по наследувањето на британскиот трон минатата година, чија цел е зајакнување на билатералните и европските односи, наведува Ројтерс.

Неговата посета доаѓа непосредно пред 80-годишнината од сојузничкото бомбардирање на овој германски пристанишен град во јули 1943 година, позната како „Операција Гомора“, во која беа убиени околу 40.000 луѓе и во текот на осум дена и седум ноќи, со акција на повеќе од 3.000 бомбардери, беа уништени илјадници згради.

Слични содржини