Кралските снаи одржуваат фигура со смути – Меган од акаи, Кејт – од спанаќ

од Vladimir Zorba

Пред да започне да излегува со принцот Хари, Меган Маркл постојано ги ажурираше своите профили на социјалните мрежи и лесно можевме да разбереме што јаде за да изгледа неверојатно. Таа редовно ги објавуваше својот појадок, ручек и вечера на нејзината лична веб-страница. Откако стана дел од кралското семејство, Меган ја затвори оваа страница.

Можеби речиси и да нема некој што не ја гледал свадбата на Меган и Хари. Не можеме а да не забележиме дека беше во одлична форма. Маркл е поддржувач на здрав начин на живот и се труди да се храни правилно за да биде слаба и здрава.

Меган никогаш не го пропушта појадокот – повеќе сака овесна каша, омлет или банана. Обожава и смути со акаи. Акаи бери е супер храна која не е евтина, но е полна со антиоксиданси. Многу познати личности го сакаат ова прекрасно овошје. Во интервју дадено од Маркл во 2015 година, таа вели дека понекогаш си прави смути, а кога е во хотел нарачува варени јајца или тост со авокадо.

На ручек Меган јаде нешто што ќе ја засити подолго, а навечер мора да јаде полесна храна. Таа сподели дека сака помфрит и често може да се види како јаде суши и морска храна.

Нејзината вечера често се состои од риба, а Меган често сака да прави тестенини, па дури има и свои мали тајни.

Кејт Мидлтон брзо ја освои љубовта на Британците, благодарение на нејзината широка насмевка која секој пат ја демонстрира, нејзините дела и стил. Војвотката е пример за илјадници луѓе ширум светот.

Кејт е мајка на три деца и има фигура на која би позавиделе многу млади девојки. По три бремености, нејзината половина е недопрена. Но, тоа дефинитивно не е последица на драстични диети, туку на здрава храна, квалитетни производи и спортување.

Наутро, војвотката често подготвува смути од зелка, спанаќ, чај од маточина. Напитокот е вистинска експлозија на витамини, макро и микро минерали и има благотворно дејство.

Во интервју за „Дејли Мејл“, таа наведува некои од нејзините омилени јадења и производи. За ручек, Кејт обично јаде салати од зеленчук и додава киноа. Лососот е присутен и во менито за ручек на војвотката.

За вечера, Кејт го подготвува омиленото јадење на Вилијам – пржено пилешко. Во други пригоди, таа прави различни јадења за своето семејство, уживајќи во експериментирањето со зачините. Еден од нејзините омилени е кари.

Иако и двете кралски снаи се придржуваат до здрав начин на живот, понекогаш се препуштаат на чаша црвено или бело вино.

Слични содржини