Кратење на 100 милиони евра непродуктивни трошоци, следува ребаланс на Буџетот, велат од СДСМ

од Берта Китинска
164 прегледи

СДСМ преку иниституциите што ги предводи останува посветена на одговорно управување со јавните финансии со цел да се обезбедат допопнителни средства за помош и поддршка за граѓаните, информираат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека следува ребаланс на Буџетот за 2022 година, со кој дополнително ќе се скратат уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци.

-Преку ваквото намалување на непродуктивните трошоци и заштедите ќе се ослободат средства со кои ќе се финансираат нови мерки за граѓаните и компаниите за надминување на последиците од светската економска криза.Веќе се реализира пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите.Со намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти, намалената акциза за горивата, субвенционирањето на сметки за електрична енергија сериозно се намалуваат трошоците на семејствата на месечно ниво, велат од партијата.

Слични содржини