Креаторот на руската вакцина: По „Фајзер“, примете ја „Спутник лајт“

од Nikola Popovski

Предлогот на Рускиот фонд за директни инвестиции да се користи „Спутник лајт“ како трета доза, по вакцинирањето со „Фајзер“, има научна основа и ќе помогне да се подобри ефектот на првите две дози, рече директорот на Руски центар „Гамалеја“, Александар Гинцбург.

„Фајзер има проблем со делта сојот, кој сега е 90 проценти, а во некои региони на планетата 100 проценти. Неговата ефикасност против овој сој не е толку висока како што рекоа. Неговата ефикасност е намалена многу пати, речиси до 50- 40 проценти, што не е видливо кај Спутник Ве (Спутник V). Затоа предлогот на Рускиот фонд за директни инвестиции е потполно логичен и научно заснован “, посочува научникот.

На 11 август, Рускиот фонд за директни инвестиции предложи „Спутник лајт“ да се користи како трета доза кај луѓе кои биле вакцинирани со „Фајзер“. Минатата есен, тој предложи, меѓу другото, и соработка со британско-шведската компанија „АстраЗенека“.

Претходно, научниците објавија дека ефикасноста на „Фајзер“ против соеви на делта се намалила од 76 на 42 проценти, додека ефикасноста на „Спутник V“ против делта сојот изнесува 83 проценти.

Слични содржини