Руската влада соопшти дека воено беспилотно летало се обидело да нападне гасен објект во близина на Москва, а остатоците од дронот сугерираат дека наводно е произведен во Украина.
Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, вчера потврди дека дронот слетал во селото Губастово во близина на главниот град и дека „очигледно целело на цивилна инфраструктура“, а дека специфична цел била гасната компресорска станица на „Газпром“ во предградие на Москва.
Украинските напади со беспилотни летала започнати во декември, а беа насочени кон неколку аеродроми што ги користеа руските бомбардери, но веднаш не беше јасно дали тие биле лансирани од или надвор од руската територија, а се верува дека нападот, доколку се утврди дека бил извршен од украинска територија, бил еден од најамбициозните откако Кремљ ја започна својата целосна инвазија минатиот февруари, пишува „Гардијан“.
Неуспешни напади со беспилотни летала се забележани и во руските региони Белгород и Брјанск на границата со Украина, а шефот на Адигеја, руска република на Кавказ, исто така изјави дека синоќа во тој регион бил соборен дрон.