254
Американскиот кошаркар Крис Пол ќе остане во Феникс Санс.
Беше неизвесно дали одличниот плејмејкер ќе ја организира играта на „сонцата“ и следната сезона. Сега таа дилема е отстранета. Тоа го направи новинарот на “Blicher Report” Џејк Фишер.
Пол беше еден од најзаслужните што тимот од Аризона го одигра големото финале во НБА лигата минатата сезона и тоа добро ќе се исплати.
Тој со Феникс потпиша нов тригодишен договор вреден 90 милиони долари.
Минатата сезона, поранешниот играч на ЛА Клиперс имаше просек од 16,4 поени и 8,9 асистенции.