Кристијано Роналдо најверојатно ќе се врати во составот на “Реал” (Мадрид) за натпреварпт со “Осасуна” викендов откако започна целосните тренинзи.
Капитенот на Португалија е надвор од игра откако го повреди коленото во финалето на Евро 2016 против Франција.
Напаѓачот Карим Бензема исто се врати на тренинзите, откако се опорави од својата повреда и исто така може да биде во составот против “Осасуна” на 10 јули.

Иско, Фабио Коентрао и голманот Кејлор Навас остануваат надвор од пресметките за европскиот шампион.
“Карим Бензема и Кристијано Роналдо тренираа со останатите”, се наведува во соопштението на “Реал”.
“Кејлор Навас прави специфични вежби заедно со Кико Касија и Рубен Јанес, а потоа тренира сам. Фабио Коентрао продолжува со програмата за реконструкција и тренира самостојно. Иско тренира во салата”, додаваат од клубот.
Роналдо објави фотографија од вежбањето, и соопшти на своите 46 милиони следбеници на “Твитер” дека е “многу среќен” од враќањето на теренот.
Тој пропушти два натпревари од шпанското првенство и дуелот за Суперкупот на УЕФА, во кој “Реал” ја победи “Севиља”.
Минатата недела тој го пофали тренерот Зинедин Зидан за неговата работа, откако ја презеде функцијата од Рафаел Бенитез во јануари.
“Тој дојде и не натера да работиме напорно и добро. Тоа е голем професионалец и одлична личност. Според мене најсилното квалитет, е дека вдахнува мир на играчите”, изјави Португалецот.