Кристијано Роналдо обвинет за затајување данок од 14,7 милиони евра

од desk2
88 прегледи

Шпанското обвинителство соопшти денеска дека поднело тужба против фудбалерот Кристијано Роналдо, затоа што наводно, во периодот 2011 до 2014 година, ја оштетил државата за 14,7 милиони евра од неплатен данок.


Се наведува дека Португалецот свесно користел „бизнис структура“ креирана 2010 година за да го прикрие својот приход во Шпанија од правата на своите фотографии. Поради слични малверзации осуден е и Лео Меси минатиот месец откако тој и татко му беа обвинети дека затаиле 4,1 милион евра данок во периодот од 2007 до 2009 година.

Ѕвездата на Барселона е осуден на 21 месец затвор, но не служи казна затоа што според шпанскиот закон казна за слични прекршоци под две години може да се слуѓи условно, пренесува ‘Goal’.