На денешното рочиште на случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро им беше одреди притвор на  Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири.

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на надлежниот обвинител во предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“ за опредлеување мерка притвор против Ф.А. и А.И, донесе решенија со кои гo прифати предлогот со оглед да се исполнети условите од член 199 ст.1 т.1од ЗКП, соопштија од Кривичен суд.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за овие две лица поради тоа што постапката е при крај.
Наместо да бидат задржани во судот додека да одлучи кривичниот совет по барањето на обвинителството, тие си заминале. Оттогаш според информациите му се губи секаква трага на Исмаиловиќ.

Од МВР информираа дека ги превземаат сите мерки за пронаоѓање на лицето.

-Известени сме од судот и преземаме мерки за пронаоѓање на лицето, велат кратко од МВР.

Агим Исмаиловиќ е еден од вкупно петтемина обвинети за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 кај Смилковско Езеро. Обвинет е и неговиот брат Африм Исмаиловиќ, понатаму Алил Демири, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

 

Слични содржини