Првиот вицепремер во Владата и висок функционер во ДУИ Артан Груби денеска не сакаше да ги коментира последните случувања во врска со слуајот „Монструм“ и убиството на Смилковското Езеро.

– Не ги коментираме судските одлуки. Прашањето беше дали е вмешана политиката во овој случај. Единствен момент каде што ние како политичка партија бевме вмешани во овој случај беше во барањето да се повтори судењето, поради недовербата на целата јавност во одлуката на Судот претходно. Тоа го постигнавме. Отука па натаму е работа на Обвинителството, на судството, на одбраната во судска постапка да ги докажат своите аргументи, рече Груби на прес-конференција.

Слични содржини