Кривичен му ја испрати на СЈО спогодбата за Костовски осуден во „Пуч“

од desk2

Кривичниот суд денеска му ја испратил на Специјалното јавно обвинителство спродбата на Звонко Костовски осуден во предметот „Пуч“.

Како што информираат од судот, откако Советот на јавните обвинители одлучи предметот да го врати во Кривичен тој да постапи по барањето на СЈО, предметот уште денеска и е испратен на Катица Јанева.

Јанева ја бара спогодбата поради постапката поведена од СЈО за барање за заштита на законитоста пред Врховниот суд од кој бараат да биде преиспитана затворската казна од 3 години за Костовски поради повреда во постапката.

СЈО се откажа од кривично гонење на останатите лица обвинети во „Пуч“, меѓу кои и премиерот Зоран Заев поради спротивност со доказите кои ги имаат за „Тврдина“ и „Таргет“./24 вести

Слични содржини