Кривична за четири лица за пукањето во Палас, по едно од лицата се трага

од Aleksandar Todeski
282 прегледи

Основното јавно обвинителство отвори постапка против четири лица за загрозување на сигурноста на полициски службеници, во врска со настанот што се случи на 30.11.2019 година околу 11 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот се уште се трага.

Постапката е отворен по поднесена кривична пријава од СВР Скопје за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 од Кривичниот законик.

Пријавените, како што информираат од ОЈО, ја загрозиле сигурноста на 11 службени лица  – полициски службеници кои вршеле службено дејствие – легитимирање, на начин што упатиле сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници.

„Во поглед на кривично-правниот настан кој следел во хотелот неколку часа по сега пријавеното кривично дело, од страна на Министерството за внатрешни работи се уште не е утврден идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега пријавените лица“, се вели во соопштението.

Заради обезбедување на присуството на осомничените во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител до Судот поднел и предлог за определување на мерки за претпазливост за четворицата осомничени и тоа забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените.

Слични содржини