Кривична за двајца прилепчани, продавале дрога во Охрид

од Aleksandar Todeski

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.Ц.(25) и Н.Н.(28), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

Како што соопшти МВР, на 18.06.2019 на ул.„Димитар Влахов“ во Oхрид, полициски службеници извршиле преглед во возило во кое биле пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана, таблети трамадол и дробилка.

Слични содржини