Крст за Заев, нема санкции за наставничката?!

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Жанета Петровска е наставничката од Битола која вчеравечер со надгробен крст ја славеше победата на ВМРО ДПМНЕ повикувајќи на смрт за лидерот на опозиционерите.
За битолчани ваквиот чин е за секоја осуда кој го преминал границите на моралот и човечките норми. Ширењето омраза во просветителството е најподлото нешто што може некој наставник да го направи. Секој е нечие дете, а таа нивен учител искритикува нејзина колешка Наташа Петровска, професор во битолското економско училиште.
Со своја реакција за грозоморниот чин излезе и лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Само од училиштето нема реакција. Побаравме став од директорката на ОУ Кирил и Методиј но наидовме на затворени врати. Советничката за образование Снежана Петровска вели дека нема никакви информации за случајот, а сличен став делат и од СОНК кои телефонски за 24 вести рекоа дека нема да реагираат затоа што случајот не е во нивен домен, наведената не била нивен член.
Инаку задгробниот крст беше изработен ден по големата прослава на СДСМ поради поголемиот број на гласови кои го доби во Битола за разлика од ВМРО ДПМНЕ. По 2002 година ова се први избори на кои СДСМ успеа да освои повеќе гласови од ВМРО во овој град./24 Вести

Слични содржини